Минусни температури утрово низ целата земја, на Попова Шапка измерени – 15 степени

Ладно време луѓе со шал и капа / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Минусни температури утрово се измерени речиси во сите делови од земјава. Најниска беше температурата на Попова Шапка каде се измерени -15 степени, во Берово и во Крушево – 12, во Крива Паланка – 11, во Маврови Анови – 10, во Штип и Струмица -8, во Прилеп и во Виница – 7, во Битола, Охрид и Претор – 6, во Скопје-Зајчев Рид и Демир Капија – 5, во Куманово и во Велес – 4, во Скопје-Петровец, Тетово и Кавадарци – 3, во Дојран -2 и во Гевгелија 0 степени.

На Попова Шапка има седум сантиметри снег.
Во текот на ноќта времето беше ведро. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец. Изутринава е сончево со мала до умерена облачност и студено. Наместа дува слаб ветер од северен правец.

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7 степени.

Во Скопје сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 5 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот