Министерството за здравство следната недела со став за доктор Асани од Струга

Фото: Министерство за здравство

Министерството за здравство следната недела ќе ги разгледа сите наоди во врска со случајот на директорот на струшката болница д-р Мухамед Асани по што ќе заземат став, најави министерот за здравство Венко Филипче одговорајќи на новинарско прашање.

– Јас пред некој ден спомнав што беше напишано во стручниот извештај и апсолутно не сакам да навлегувам во експертиза на колегите во делот на стручниот извештај, меѓутоа не е само стручниот извештај во случајов, има и други наоди. Тоа е наодот од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, тоа е делот од тој наод којшто е пратен во Обвинителството и ние во текот на следната недела тука во Министерството ќе ги разгледуваме сите наоди од сите институции и ќе заземеме став, изјави Филипче.  

ВИДЕО | Веаповска од Патологија ги подигна парафинските калапи од своите органи: Се чувствувам како половина човек

Додаде дека целокупниот извештај е јавен документ и  нема никаква доверливост, а во однос на контролата повтори дека покрај извештајот постојат и други механизми на контрола на стручната работа.

Доктор Асани од пациенти е обвинет за лекарска грешка.

ВИДЕО | Веапоска: Ми праќаат луѓе да сме се смиреле со Aсани, не прифаќам

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот