Фото: Принтскрин

Министерство за одбрана на Србија: Хрка го снимала разговорот со Вучиќ

Дијана Хрка денеска на прес конференција изјави дека ова е „уште една лага во низата“ и дека би сакала некој од ВБА да ја контактира.

Министерството за одбрана објави дека Агенцијата за воена безбедност (ВБА), преземајќи мерки за безбедносна и контраразузнавачка заштита на претседателот на Република Србија, „дошла до сознание дека е извршено тајно и нелегално снимање на телефонски разговор меѓу претседателот на Република Србија и г-ѓа Дијана Хрка“, пишуваат српските медиуми.

„Неовластеното снимање на телефонскиот разговор со цел да се дистрибуира до други лица го извршила Дијана Хрка, што самата таа го потврди на 12 ноември 2025 година на прес-конференција, дека може да го објави разговорот што го имала со претседателот на Република Србија“, се наведува во соопштението.

Вучиќ вчера изјави дека добил информации од ВБА дека неговиот разговор со Дијана Хрк бил снимен без овластување, но дека нема да казни никого бидејќи е горд на она што го кажал во тој разговор.

Дијана Хрка денеска на конференцијата изјави дека ова е „уште една лага во низата“ и дека би сакала некој од ВБА да ја контактира, како и дека ја интересира од каде го добиле и „зошто ВБА се занимава со нејзиниот телефон, зошто се занимаваат со неа, кога таа е цивил, а не воено лице“.

Хрка штрајкува со глад пред Домот на Народното собрание од 2 ноември.

Вучиќ ѝ одговори на Дијана Хрка, не пропушти да се пожали колку нему му е тешко

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот