Министерство за култура: Срдечно примопредавање на министерската функција

Во просториите на Министерството за култура на 31 август беше извршено примопредавање на должноста министер за култура меѓу д-р Хусни Исмаили и новоименуваната министерка за култура, д-р Ирена Стефоска.

Досегашниот министер д-р Исмаили на новоименуваната министерка ѝ посакал срдечно добредојде во Министерството за култура и многу успех во мандатот, со оглед на нејзиното претходно искуство во областа на културата и заложбите во Комисијата за култура при Собранието. Исмаили посочил дека во Министерството за култура се реализираат многу проекти и, во таа смисла, ги истакнал Законот за јавен интерес во културата, кој е во собраниска процедура, и спроведувањето на Колективниот договор во културата.

Новоименуваната министерка за култура, д-р Стефоска, истакнала дека позицијата министер за култура на Република Северна Македонија ја прифаќа како голема чест и уште поголема одговорност. Своето прво обраќање министерката го завршила со мислата на историчарот Јохан Хојзинга, кој подвлекол дека „Ако сакаме да ја сочуваме културата, мораме да продолжиме да ја создаваме“.

Работна средба на министерката со претставници на синдикатите од културата

Веќе на 2 септември министерката за култура Ирена Стефоска оствари работна средба со претставници на синдикатите од културата, СОНК и СКРМ, на која било разговарано за надминување на проблемите во примената на Колективниот договор во делот за плати во областа на културата за месецот јули.

На средбата било заклучено дека причините за проблемите поради кои доцнат платите за јули се надминати и дека исплатата на платите започнува веднаш за оние институции што се подготвени. Другите ќе ги добиваат платите етапно, по усогласување на систематизациите во институциите.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 47, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 5-6 септември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот