Министерот за здравство во оставка: Руската вакцина засега нема да се порачува во Бугарија бидејќи е незаконски

Руска вакцина „Спутник В“ / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Министерот за здравство на Бугарија, Костадин Ангелов на средбата со примерот Бојко Борисов изјави дека одлуката за почеток на преговори за набавка на руска вакцина за ковид-19 е загрижувачка. Средбата на Бојко Борисов со некои од министрите во владата во оставка беше на Фејсбук страницата на Борисов.

Одлуката е незаконска. Вакцината е препарат што не е профилактички лек и е во спротивност со Законот за лекови во хуманата медицина и за да се доставува до земјата како што бара БСП, таа мора да помине низ централизирана постапка на европско ниво, објасни тој.

– Ова ги загрозува животот и здравјето на бугарските граѓани, бидејќи не е завршена проценката за неговата безбедност и ефикасност на европско ниво, додаде Ангелов.

Вчера беа вакцинирани над 23.000 лица во Бугарија.

– В понеделник се очекуваат нови 200.000 вакцини од Фајзер и ако не се промени темпото на испорака на вакцини, би можеле да достигнеме колективен имунитет до крајот на јуни, рече министерот за здравство на Бугарија.

Тој најави дека на 10 мај ќе биде отворен електронски систем и луѓето во таа држава ќе може да добијат избрана од нив вакцина против ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот