Министерот за здравје на Нов Зеланд поднесе оставка: Се однесував како идиот

Министерот за здравје на Нов Зеланд, Дејвид Кларк поднесе оставка, откако ги прекрши мерките кои ги пропиша владата на земјата при ширењето на Ковид-19.

Кларк себеси се нарече идиот и се извини на нацијата, бидејќи на почетокот на април се возел 20 километри до плажата за да прошета со својата фамилија, пренесува Би-Би-Си.

– Како министер за здравство моја одговорност беше да ги почитувам правилата и да бидам пример за останатите граѓани. Се однесував идиот и разбирам зошто граѓаните се лути на мене, рече Кларк.

Сепак, заради моменталната криза тој ќе остане на работното место, но во кабинетот е ставен на најниска позиција.

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн изјави дека во нормални околности тој би бил отпуштен, но дека државата моментално не може да си дозволи пореметување во работата на здравствениот систем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот