Министерот за спорт на Саудиска Арабија за можните трансфери на Меси и Бензема: Да почекаме клубовите да објават

Фото: EPA-EFE/ALBERTO ESTEVEZ

Според најавите на медиумите постои можност ова лето во Саудиска Арабија да се преселат Лионел Меси и Карим Бензема.

Во текот на вчерашниот ден се појави вест дека Бензема веќе го известил Реал Мадрид за негов трансфер во Ал Итихад кој му нуди договор на две години со плата од 100 милиони евра по сезона. Од друга страна Меси веќе некое време се поврзува со Ал Хилал кој наводно е спремен на Аргентинецот да му обезбеди двегодишен договор неверојатна сума од 1.2 милијарда евра.

Прашање на оваа тема доби министерот за спорт на оваа земја, Абдул Азиз кој сепак не демантираше.

„Да почекаме клубовите да објават да биде официјално“, кратко им одговори на новинарите.

Нема сомневање дека и со еден трансфер на овие две европски ѕвезди, лигата во Саудиска Арабија ќе добие огромно внимание со оглед на тоа што таму веќе е Кристијано Роналдо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот