Цветан Трипуновски

Министерот Трипуновски по корупцискиот скандал со ИПАРД средствата: Не чувствувам одговорност и не поднесувам оставка

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски во интервју за Канал 5 телевизија изјави дека не чувствува одговорност за корупцискиот скандал случајот со корупција и поткуп за средствата од европските ИПАРД фондови кој неодамна излезе на виделина и соопшти дека одговорност во моментот треба да има оној кој што е фатен на дело.

Директорот на Платежната агенција Стоилев и уште тројца осомничени за поткуп одат во притвор

„Одговорност во моментот треба да даде тој што е фатен на дело за злоупотреба и прекршување на законите. И мислам дека таму ќе се води истрагата до крај, апелирам да биде до крај и сите коишто се евентуално инволвирани во целиот случај да одговараат. Само на тој начин ќе стопираме негативни тенденции, прекршување на закони и девијантни однесувања. Јас како ресорен министер ќе продолжам да се борам и ваквите случаи да се санкционираат во целост, само на тој начин ќе можеме да градиме она што постојано го велам, доверба во институциите, што во минатото го немаше“, порача министерот.

ВИДЕО | Николовски: ИПАРД програмата стопирана, власта молчи – илјадници земјоделци без исплата

Трипуновски истакна дека Владата спроведува неселективна борба против криминалот, укажувајќи дека без разлика на политичката припадност секој кој направи злоупотреба мора соодветно да одговара.

Претходно, на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој, Илија Стоилев, како и уште тројца осомничени во случајот со примање поткуп им беше одреден притвор во траење од 30 дена, откако судот го прифати барањето на Обвинителството.

Осомничениот директор и другите осомничени се товарат дека договарале поткуп од 50 илјади евра за пари од ИПАРД-програмата од поранешниот пратеник и министер Џевдет Насуфи, кој ги ветил парите, а вчера му дал на уапсениот Стоилев 400 евра, со кои тој бил фатен. И 77-годишниот Насуфи, поранешен пратеник и министер за локална самоуправа и правда, оди во ефективен притвор, согласно судската одлука.

Министерот Трипуновски упати апел до секој еден граѓанин којшто можеби има за некој друг случај одредени сознанија да алармира, за како што рече тој веднаш да се постапи и санкционира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот