Министерот оптимист, Серија А наскоро се враќа

фото: твитер

Објавен е нов протокол со што Серија А е уште еден чекор поблиску до враќање на терените.

Италијанскиот министер за спорт, Виченцо Спадафора потврди дека научниот одбор на Владата им одобри на екипите од 25 мај да имаат групни тренинзи и изјави дека е оптимист по прашањето на продолжување на Серија А.

Серија А е прекината пред повеќе од два месеци поради пандемијата на коронавирусот.

– Ние им помагаме на спортските работници, сите добија плати за март, ќе добијат и за април и мај. Сфаќам дека момците сакаат повторно да играат по два ипол месеци пауза. За време на тој период покажаа одговорно, но мора сите да бидат внимателни. Објавивме протокол кој им дозволува на екипите да продолжат со тренинзите – изјави Спадафора.

Според новиот протокол, се укинува олдуката целата екипа да оди во задолжителен карантин доколку има позитивен случај на заразен од коронавирус и во изолација ќе биде само заразениот фудбалер.

Нови мерки кои се одобрени  од министерот на спорт во Италија:

– Доколку се појави случај на коронавирус за време на тренинзите, фудбалерот мора да замине во итна изолација.
– Комплетниот тим ќе оди на тестирање веднаш, брис ќе се зима на секои 48 часа во наредните 14 дена.
– Никој од тимот не смее да биде во контакт со позитивен случај додека остатокот од тимот продолжува да тренира.
– Клубовите мора да обезбедат список на луѓе кои можат да присуствуваат на тренинзите.
– Сите административни активности мора да бидат одложени или откажани за да се задржи на минимум контактот со тимот.

– Сакам да бидам оптимист. Одлучно реков „не“ на сите кои ме прашуваа за фудбалската сезона во моментите кога секојдневно броевме по стотици починати. Очигледно е доколку цела Италија повторно се буди, тогаш тоа мора да го направи и фудбалот – рече Спадафора.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот