Михаил Федоров (lлево) нов министер за одбрана на Украина - Извор Телеграм

Министерот Федоров ја изложи целта на Украина — Русија да губи по 200 војници за секој освоен километар

Состојбата на терен потврдува дека Украина успеала значително да го забави напредувањето на непријателот и постепено ја враќа иницијативата. Истовремено, ги засилуваме офанзивните операции и ослободуваме територија, рекол министерот за одбрана на Украина, Михајло Федоров.

Стратешката цел на Украина е да ѝ нанесе на руската војска до 200 загуби за секој квадратен километар напредување, изјавил министерот за одбрана Михајло Федоров минатата недела, на затворен брифинг за медиумите, објави „Киев индепендент“.

Изјавата доаѓа во период на извештаи дека Украина претходно годинава накратко ја презеде иницијативата на фронтот, враќајќи повеќе територија отколку што изгубила од руските сили, првпат по околу 10 месеци.

Додека Русија во октомври губеше околу 67 војници за секој квадратен километар напредување, според Федоров, таа бројка порасна на 165 во јануари, 244 во февруари, 254 во март и 179 во април.

— Состојбата на терен потврдува дека Украина успеала значително да го забави напредувањето на непријателот и постепено ја враќа иницијативата. Истовремено, ги засилуваме офанзивните операции и ослободуваме територија — рекол Федоров.

Фицо го критикува предлогот на Мерц за Украина: Или некого го примаме во ЕУ, или не го примаме

Русија во април 2026 година изгубила 35.203 војници — загинати и ранети. Во март бројката изнесувала 35.351, а во декември 2025 година 34.544, посочи министерот, укажувајќи на зголемување на руските загуби.

— Денес, секој километар што непријателот го освојува го плаќа со несразмерно висока цена во човечки загуби — додал Федоров.

Командантот на украинската армија, Олександр Сирски, на 20 мај изјави дека од почетокот на 2026 година Русија изгубила 141.500 војници, од кои повеќе од 83.000 биле загинати.

Претседателот Володимир Зеленски на 10 март рече дека „од 100 отсто загуби, 62 отсто се загинати, а 38 отсто ранети“ меѓу руските сили, повикувајќи се на разузнавачки проценки разгледани од Украина — сооднос од речиси 2 спрема 1.

Најновите бројки на Сирски покажуваат малку понизок сооднос: 58 отсто загинати и 42 отсто ранети.

Генералштабот на Украина не ги открива своите загуби за време на целосната инвазија, повикувајќи се на оперативна тајност.

Извештај на Центарот за стратешки и меѓународни студии (ЦСИС) од јануари 2026 година наведува дека Украина веројатно претрпела меѓу 500.000 и 600.000 загуби од февруари 2022 до декември 2025 година, од кои меѓу 100.000 и 140.000 војници се смета дека се загинати во борба.

Руте бара членките на НАТО да ја поделат „сметката“ за Украина на фер начин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот