Минералната вода кај месноста Бањиче забранета за пиење, има бактерии

Фото: Слободен печат

Минералната вода од двата извори кај месноста Бањиче Тетово лоцирана на Шара не е исправна за пиење, информираа од Центарот за јавно здравје Тетово. Оттаму апелираат водата да не се користи се до следното известување.

„Вчера била испитана водата од двете чешми, едната кај свиокот пред пристигнување во Бањиче и втората подолу кај џамијата.Во првата евидентирани се колимфорни бактерии и високо ниво на калциум, водата пак кај џамијата е микробиолошки и физичко-хемиско загадена. И од двата извора е забрането да се пие но и да се користи за миење на раце и лице“, вели Доктор Ратко Давидовски специјалист по хигиена и здравствена екологија.

Следното испитување на водата од двата извора во месноста Бањиче ќе се изврши наредната недела, дотогаш таа е забранета за пиење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот