Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ бара итна собраниска седница за разрешување на Филипче и Хасани

Антонијо Милошоски / Фото: „Слободен печат“

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива за свикување на итна седница на Собранието согласно член 67 и член 68 од Деловникот, со две точки на дневен ред Одлука за разрешување на министерот за здравство Венко Филипче и Одлука за разрешување на заменикот министер за здравство Илир Хасани, соопшти денеска пратеникот Антонијо Милошоски.

– Нашето прашање до собраниското мнозинство и до Владата е уште колку луѓе треба живи да изгорат како пациенти за да се понесе политичка и објективна одговорност за ваквата трагедија која што е резултат на неодговорноста на власта, рече Милошоски.

Пратеникот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ посочи дека нивните очекувања се дека претседателот на Собранието согласно членовите 67 и 68 ќе ја закаже седницата на Собранието во рок пократок од 10 дена, бидејќи сметаат дека оваа состојба е од итен карактер и треба итно да се разреши.

– Милошоски потсети дека во Романија пред пет дена се случи пожар во болница со загубени пет човечки животи и оти таму падна целата Влада.

Во Македонија пред еден месец изгоре модуларната болница во Тетово, но во Романија падна целата Влада, а во Македонија падна продолжниот кабел со кој што премиерот Заев ја потценува интелегенцијата на сите граѓани и сака да ја сокрие одговорноста на Филипче, министер за здравство, рече пратеникот.

Затоа, како што потенцира, ВМРО-ДПМНЕ смета дека зелената агенда на ДУИ и СДСМ, за жал, изгоре со тетовската модуларна болница, со која што изгоре и принципот за политичка и објективна одговорност на носителите на јавни функции кои што треба да се грижат за здравјето на граѓаните.

– Гледаме дека здравјето и животите на 14 луѓе беа колатерална штета на неодговорната власт, рече Милошоски.

Извор: МИА

Груби: Филипче и Хасани не се одговорни за пожарот, оставките не треба да се прифатат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот