Груби: Филипче и Хасани не се одговорни за пожарот, оставките не треба да се прифатат

Артан Груби / Фото: МИА

Првиот вицепремиер Артан Груби во изјава за Телма попладнево рече дека негов личен став е оти извештајот од истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово, во кој загинаа 14 лица, не покажал никаква одговорност кај министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик, Илир Хасани.

Оставките на директорите на тетовската болница се неотповикливи и тука нема што да се прифати, вели Груби. А, во одност на понудените оставки на Филипче и Хасани, тој изјави: „Согласно извештајот и согласно сета таа истрага, очигледно е дека тие немаат никаква одговорност врз трагичниот случај што се случи таму, но секако, одлуката за тоа треба да ја донесе премиерот“.

Груби се повика на извештајот за катастрофалниот пожар во Тетово, кој МВР го испрати до Обвинителството минатата недела, а Обвинителството го објави денеска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот