Милошоски го потсети Заев: Што си дробел, тоа ќе сркаш!

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, во објава на Фејсбук ги коментира реакциите на премиерот Зоран Заев за поднесените амандмани за онлајн Собрание:

 

„СДСМ 2008 година поднесе 2.300 амандмани на Деловникот и рече „ако сакате ефикасен парламент треба 1. да ја почитувате демократијата, 2. да ја почитувате опозицијата и 3. сами да си обезбедите кворум”. На тие амандмани потпишани беа тогашните пратеници Р.Шеќеринска, О.Спасовски, В.Бучковски и други славни демократски другари на аболицираниот Заев. Денес Заев пред да критикува зошто опозицијата поднела амандмани на Деловникот во Собранието треба, прво да си поразговара со Шеќеринска, Оливер и Бучковски за да му објаснат што е ефикасно Собрание и опозиција; и второ, да го потсетат на на народната поговорка „што си дробел, тоа ќе сркаш”!“, вели Милошоски.

Хумористични или апсурдни – амандманите ја преиспитуваат функционалноста на Собранието

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот