Милевски: За жал имаме фудбалери кои воопшто немаат минутажа, ќе пробаме нови тактички варијанти

Селекторот на македонската фудбалска А репрезентација, Благоја Милевски/фото: ФФМ

В петок (22 март) со почеток од 15.30 часот на стадионот „Мардан“ во Анталија, Турција, најдобрата македонска фудбалска репрезентација ќе одигра пријателски натпревар против Молдавија.

Три дена подоцна нашите најдобри фудбалери ќе тестираат и против селекцијата на Црна Гора.

За овие контролни мечеви селекторот Благоја Милевски на прес-конференцијата изјави дека нема да може да смета на Исник Алими, Ердон Даци и Стефан Ашковски.

– Секако дека можам да изразам задоволство од тоа што го видов овие три дена. За жал, Исник Алими, Ердон Даци и Стефан Ашковски нема да бидат дел од тимот на овие два натпревари. Останатите се подготвени да се стават во функција на тимот. За жал, имаме играчи кои воопшто немаат минутажа, но навикнати сме на тоа.

Најважно ми е да се здрави и физички подготвени, останатото што го покажуваат на собир, момците без разлика на натпреварувачката форма секогаш го даваат максимумот за Македонија. И овојпат не е ништо различно, сите се подготвени да одговорат на тоа што се бара од нив. Ќе ги искористиме максимално овие дуели и тие во јуни за да пробаме нови тактички варијанти. Ќе ги пробаме некои играчи на нови позиции и ќе видиме како тоа ќе изгледа. Ќе ги искористиме натпреварите со Молдавија и Црна Гора да ги испробаме силите. Ќе дадеме минутажа на сите играчи, а ќе тестираме и нови варијанти – рече Милевски.

Потсетување дека Македонија и во јуни има закажано пријателски дуели, на 3 јуни против Хрватска во Риека и на 10 јуни против Чешка во Прага.

Македонија без Стефан Ашковски против Молдавија и Црна Гора

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот