Фото: ФФМ

Милевски: Подготвени сме за ова што следува, да уживаме и да ја исполниме целта

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска од 20:45 часот во Кардиф ќе го игра последниот натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026.

Доколку успееме да избегнеме пораз на гостувањето во Кардиф против Велс, ќе го обезбедиме второто место во групата Ј и ќе добиеме на хартија „полесен“ противник во плејофот за пласман на Мундијалот.

Селекторот на нашите најдобри фудбалери, Благоја Милевски е убеден дека тимот има сила да се справи со предизвикот и да ја оствари поставената задача:

– Подготвени сме за ова што следува. Нѐ очекува натпревар што решава многу, но мојата порака до играчите е да го одиграат со уживање. Велс е силна репрезентација со одличен селектор, но двете екипи се практично исти како на првиот меч во Скопје. Имам доверба дека ќе дадеме вистински одговор и дека ќе ги реализираме нашите цели – рече селекторот на прес – конференцијата пред натпреварот.

Квалификации СП 2026

Група Ј

Денеска
20.45 часот Белгија – Лихтенштајн
20.45 часот Велс – Македонија

Табела: Белгија 15 бодови, Македонија 13, Велс 13, Казахстан 8, Лихтенштајн 0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот