Милева: Бугарското обвинителство е под невиден политички притисок

Фото: Миа.мк

Секое судство засновано врз владеење на правото има потреба од силни независни и непристрасни обвинители подготвени да истражуваат поединци, без оглед на нивната позиција или влијание во општеството, изјави портпаролката на бугарскиот Јавен обвинител, Сијка Милева.

– Европскиот суд за човекови права потенцира дека во едно демократско општество, судовите и истражните органи мора да останат ослободени од политички притисок. Денес, Обвинителството е под невиден политички притисок, додаде Милева. 

Во Бугарија веќе неколку дена се протестира, а демонстрантите бараат оставка од Владата и главниот обвинител. Слоганите под кои протестираат се – „Протестирам за да не емигрирам”, „Сакаме иднина за нашите деца”, „Бугарија на народот, а не на мафијата”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот