Милановиќ му нареди на хрватскиот амбасадор во НАТО да се спротистави на членството на Финска и Шведска

Зоран Милановиќ /Фото EPA-EFE/MARTIAL TREZZINI

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска изјави дека ќе му наложи на хрватскиот амбасадор во НАТО да се спротивстави на членството на Финска и Шведска додека не се реформира изборниот закон во БиХ.

Милановиќ смета дека Хрватска не смее да се откаже од условите за членство на Финска и Шведска во НАТО додека не се постигне изборна рамноправност на босанските Хрвати.

– Ова не е чин против Финска и Шведска, туку е за Хрватска, рече Милановиќ на прес-конференција во Пантовчак.

Тој смета дека Хрватите во БиХ се „разоруваат” како политички субјект и дека во хрватски национален интерес е да се спречи тоа и најави дека ќе му наложи на хрватскиот амбасадор во НАТО Марио Нобило да се спротивстави на членството.

Министерството за надворешни и европски работи минатата недела објави дека во тој случај Нобило мора да го слуша Зрињевац (седиштето на Министерството за надворешни и европски прашања) а не Пантовчак (претседателската палата).

Како пример за борба за националните интереси, Милановиќ ја посочи Турција, која се противи на влезот во НАТО на двете скандинавски земји додека не исполнат некои услови кои ги бара официјална Анкара.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот