Милановиќ ќе оди во логорот Јасеновац, но не и во Блајбург

Хрватскиот претседател рече дека нема да оди во Блајбург, каде се одржуваат комеморации за нацистичките колаборатори кои биле стрелани на тоа место на крајот од Втората светска војна, и оти е познат неговиот став по тоа прашање. 

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ најави дека ќе оди во најпознатиот усташки логор од Втората светска војна во Хрватска, Јасеновац, но оти не би сакал да одржи говор затоа што се работи за комеморација.

– Тоа не е политички собир. Тој бил тоа, неизбежно, во некои околности. Се надевам дека сме доволно зрели да отидеме таму во достоинствена колона, да положиме цвеќе и да се сетиме на тоа што се случи таму и пред се да си покажеме на себеси дека сме нормални и хумани, рече синоќа Милановиќ во интервју за РТЛ.

Во исто време Милановиќ изјави дека нема да оди во Блајбург, каде се одржуваат комеморации за хрватските усташи и останатите нацистички колаборатори кои биле стрелани таму на крајот од Втората светска војни, и оти е познат неговиот став за тоа прашање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот