Миланова игра - Фото: Промо

„Миланова игра“ – концерт во чест на маестро Милан Завков во Македонската филхармонија

На 27 март, во Македонската филхармонија, со почеток во 20 часот, ќе се одржи концертот „Миланова игра“ – вечер посветена на творештвото на маестро Милан Завков, еден од најзначајните македонски композитори и виртуози на хармоника.

Со своето долгогодишно творештво, Завков остави значаен белег во македонската изворна и новокомпонирана народна музика, создавајќи композиции и ора кои денес се дел од колективното музичко наследство. Неговиот препознатлив стил и виртуозност придонесоа народната музика да добие нова уметничка димензија и да остане жива низ генерации музичари и публика.

Миланова игра – Фото: Промо

Програмата на концертот вклучува избрани вокални и инструментални композиции од опусот на Завков, во нови аранжмани на врвните аранжери Дамир Имери и Дарко Илиевски, изведени од специјално оформен камерен оркестар. Концертот дополнително ќе биде збогатен со настапите на специјалните гости: Наум Петрески, Виолета Томовска, Зуица Лазова, Сузана Спасовска, Горан и Ленче Кукиќ, како и Дино Имери на пијано и Катарина Броња на флејта.

Миланова игра – Фото: Промо

– „Миланова игра“ претставува исполнување на една од неговите последни желби – неговата музика, но и македонската народна музика, да добијат нов живот во современ концертен формат кој ја задржува нивната автентичност, а истовремено им дава нова уметничка димензија. Токму преработката на „Ревиско оро“, во изведба на Дино Имери, беше инспирацијата за оваа идеја. Со овој концерт сакаме да ја исполниме таа негова желба и повторно да ја донесеме неговата музика пред публиката – велат од семејството Завкови.

Миланова игра – Фото: Промо

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот