Миланов тврди: Јанакиески не бил близок соработник на Груевски

Во завршните зборови Обвинителството го измени обвинението во суштествени делови кое се однесува за Миле Јанакиески. Откако обезбедивме докази дека Јанакиески не бил координатор на општинскиот огранок во Центар, нешто што беше наведено во стариот обвинителен акт, како таков факт тоа го снема од новиот обвинителен акт. Ако Јанакиески бил наводно човек од доверба на Никола Груевски, немаше да го има во низата прибавени телефонски разговори и да е прислушкуван, рече денеска во судница адвокатот Еленко Миланов, еден од бранителите на Јанакиески.

– Известување за нешто не може да биде насилство. Во новото обвинение го снема делот делот дека Јанакиески бил член на Извршниот Комитет на партијата ВМРО-ДПМНЕ ниту пак координатор на Општинскиот комитет на Центар. Јанакиески не бил близок соработник на Груевски. Да бил немало за него да има 80.000 прислушувани разговори и 100.000 СМС пораки – рече Миланов.

Адвокатите бараат ослободителна пресуда за Јанакиески во „Шамарите од Центар“

Адвокатот Боро Тасевски, еден од тројцата бранители на Јанакиески во овој случај пак во својот завршен збор рече дека протестот пред Општина Центар не бил партиски, туку верски. Нагласи дека организатор на протестот Македонската православна црква, па затоа владиката Агатангел ги повикувал верниците на заштита на црквата “Св.Константин и Елена”.

– Обвинетиот Јанакиески не остварил контакт со ниту еден од наводно поттикнатите лица од него. За наводните шамари, видовме дека не се случиле ниту пак некој се обидел тоа да го стори. Поради недокажаност за тоа што се товари, Јанакиески треба да се ослободи – рече Тасевски.

Адвокатот Дончо Даков пак во својот завршен збор рече дека според обвинителниот предлог, обвинетите не можат да бидат осудени.

Обвинети во предметот се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер Миле Јанакиески, Даниела Рангелова, Борче Богдановски, Милан Андоновски, Александар Трајковски и уште неколкумина. Според Обвинението, тие се товарат за поттикнување на насилството на протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот