Адвокатите бараат ослободителна пресуда за Јанакиески во „Шамарите од Центар“

Миле Јанакиески
Миле Јанакиески /Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Димитар Дангов, адвокат на Миле Јанакиески, обвинет во случајот “Шамарите во Центар” на денешното рочиште каде одбраната ги изнесува завршните зборови рече дека неговиот клиент треба да добие ослободителна пресуда.

– ОЈО да го повлече обвинението пред судот да донесе ослободителна пресуда. Делото за кое е обвинет Миле Јанакиески не е кривично дело според Законот. Во обвинителниот акт нема ниту еден доказ за тоа дека тој сторил некакво кривично дело – изјави меѓу другото адвокатот Дангов.

Анализирајќи го обвинителниот акт, адвокатот Дангов рече дека обвинителството со ниту еден свој чекор и постапка не докажало вина за обвинетиот негов клиент.

Дангов рече ако тоа не го стори обвинителството, предложи судот да донесе ослободителна или одбивателна пресуда.

– Не е фер да сте обвинети, а потоа тоа не важи и се повлекува. Во делот за својството на Јанакиески се внесуваат квалификации и тоа само субјективно без докази со единствена цел да се зголеми вината кај Јанакиески – нагласи адвокатот на Јаналиески.

Дангов нагласи дека иако судот не прифатил да го сослуша владиката Агатангел, неговата изјава дадена за медиумите била да не се урива црквата.

-Дали повикот на Агатангел требаше да содржи молби за одење во црква и со палење свеќи да се очекува да не се промени Деталниот урбанистички план со кој треба да се урне црквата во Центар, рече во својот завршен збор адвокатот Дангов.

Обвинети во предметот се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер Миле Јанакиески, Даниела Рангелова, Борче Богдановски, Милан Андоновски, Александар Трајковски и уште неколкумина. Според Обвинението, тие се товарат за поттикнување на насилството на протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот