twitter.com/acmilandata

Милан си купи напаѓач за 35 милиони евра (ФОТО)

Во италијанскиот клуб Милан доаѓа од редовите на Лил во трансфер вреден 35 милиони евра, со додатни пет како бонуси.

Напаѓачот потпиша договор на пет години со „росонерите“. Минатата сезона во „Лига 1“ со Лил стана вицешампион, постигнувајќи осум голови.

Пред да се пресели во Франција, ги бранеше уште боите на португалскиот Спортинг Лисабон.

Претходно од тимот си замина Патрик Кутроне кој ја продолжи кариерата во премиерлигашот Вулверхемптон, а нови имиња се и Раде Круниќ и Тео Ернандез.

Фудбалерите на Марко Џампаоло новата сезона во италијанската Серија А ќе ја започнат на 25 август на гостувањето кај Удинезе на македонскиот репрезентативец Илија Несторовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот