Милан си го закомпликува пласманот во Лигата на шампионите

epa09205502 AC Milan?s Ante Rebic (L) challenges for the ball with Cagliari?s Razvan Marin during the Italian serie A soccer match between AC Milan and Cagliari at Giuseppe Meazza stadium in Milan, Italy, 16 May 2021. EPA-EFE/MATTEO BAZZI

„Росонерите“ против Калјари пропуштија буквално „меч“ топка за да го зацементираат местото на табелата кое носи пласман во Лигата на шампионите.
Милан вечерва одигра само 0:0 против Калјари и тоа благодарение на голманот Џанлуиџи Донарума кој имаше неколку одлични интервенции. Милан со ремито остана на четвртото место на табелата со 76 бода, еден повеќе од петтопласираниот Јувентус, но во последното коло го очекува неверојатно тежок натпревар против Аталанта.

Јувентус во последното коло и гостува на Болоња, додека екипата на Наполи која моменто е третопласирана ја пречекува Верона и се наоѓа во најдобра позиција да биде една од двете преостанати екипи која покрај шампионот Интер и сигурната Аталанта, ќе игра во Лигата на шампионите следната сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот