Милан ќе гради нов стадион со капацитет од 70.000 седишта

Фото: EPA-EFE/GERNOT HENSEL

Раководството на Милано донело одлука и веќе најави изградба на нов стадион со цел „росонерите“ во финансиски аспект рамноправно да се натпреваруваат со останатите елитни тимови.

На самитот за бизнис на фудбалот во Лондон Кардинале изјави дека новиот стадион на Милан ќе има капацитет од 70.000 седишта.

„Дефинитивно тоа ќе биде добро за Италија и Серија А, не само за Милан“, изјави Кардинале.

Подолго време градските ривали размислуваат да го напуштат историскиот „Сан Сиро“ кој е во сопственост на локалната власт, а изградбата Кардинале ќе ја изведува со сопствена компанија.

„Компанија која ќе ја отворам сакам да го гради стадионот, а потоа сакам таа компанија да гради стадиони и на други клубови во Серија А“, порача Кардинале.

Се огласи и Златан Ибрахимовиќ кој денес е во раководството на „росонерите“.

„Одлични спомени, но секогаш има и нов почеток за се“, изјави Ибра.

Кариерата Ибрахимовиќ ја заврши во 2023 година токму во Милан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот