Мики Рурк проговори откако остана без дом: Не ја плаќав киријата затоа што живеев со стаорци и без вода
Американскиот актер Мики Рурк се огласи откако официјално остана без својот дом во Лос Анџелес. Тој тврди дека бил принуден да задржи речиси 60.000 долари за кирија за својот поранешен изнајмен дом, затоа што „условите за живеење“ станале „неприфатливи“.
Препорачано
За „Пејџ Сикс“, Рурк изјави дека постоеле „сериозни проблеми кои постојано биле игнорирани“, и покрај неговите „обиди да ги реши“. Тој тврди дека имал повторувачки проблеми со глодари, кои барале неколку посети на експерти, но никогаш не биле решени.

Page Six
Актерот додаде дека „Бањата и водоводот често не функционирале“ и дека, и покрај неговите барања за поправки, „проблемите продолжиле, а основното одржување никогаш не било правилно извршено“.
„Одлуката за задржување на киријата не беше донесена лесно. Едноставно не можев да продолжам да плаќам за куќа која беше во толку лоша состојба, по толку обиди да се решат проблемите“, заклучи Рурк, поранешен боксер и актер.
Сопственикот на куќата, Ерик Т. Голди, не ја коментирал изјавата на актерот.
Рурк бил исфрлен од резиденцијата откако Голди поднел тужба до Високиот суд на округот Лос Анџелес. Судската одлука била донесена автоматски во понеделникот, што значи дека актерот веројатно не се појавил на суд или не одговорил на тужбата пред истекот на рокот. Одлуката се однесувала на враќање на сопственоста врз недвижноста, а не на исплата на штета.
Во декември, судот побарал Рурк да ја напушти резиденцијата во рок од три дена или да плати 59.100 долари заостаната кирија. Во јануари, актерот почнал да ги изнесува своите работи од куќата, додека во тоа време бил сместен во луксузен хотел во „Вест Холивуд“.


