Мијалков се спогоди и призна вина во „Империја“ – ќе лежи три години во затвор и ќе плати 36 милиони евра

Скопје, 26 февруари 2021 / Фото: Драган Митрески - СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.

Обвинителството за организиран криминал и корупција попладнево ја потврди информацијата која ја објавија повеќе медиуми – дека поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, признал вина и се спогодил во предметот „Империја“.

Од надлежното обвинителство велат дека со спогодбата, Мијалков е осуден на три години затвор и ќе исплати 6,1 милиони евра во готово за уделот во хотелот „Мериот“, со што неговиот удел во ексклузивниот хотел останува на име на неговите фирми.

Покрај тоа, одземен му е и имот во вредност од околу 30 милиони евра, меѓу кои 25 станови, како и парцелата до хотелот „Мериот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот