Мијалков до крајот на декември ќе излезе од затворот во Струга

Сашо Мијалков / 26 февруари 2021 / Фото: Драган Митрески - СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков ќе биде на слобода од декември годинава. Одлуката ја соопшти Основниот кривичен суд, откако Апелацскиот суд – Скопје донесе решение со кое го уважи предлогот на директорот на затворот во Струга, Ваљон Ќура за условен отпуст за затвореникот.

-Согласно решението, осудениот се отпушта од КПД Струга на 25.12.2024 година, а условниот отпуст му се смета до 25.04.2025 година. Против ова решение странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје, соопштија од Основниот кривичен суд.

Сашо Мијалков доби ослободителна пресуда за предметот „Трезор“

Минатиот месец Мијалков доби ослободителна пресуда за предметот „Трезор“. Ова беше втора пресуда за случајот откако Апелациониот суд Скопје ги прифати жалбите на обвинетите и во 2022 година ја укина првостепената пресуда која беше донесена во 2021 година.

Неодамна, како дел од спогодбата за предметот „Империја“ му беше одземен имот вреден околу 30 милиони евра.

Со јавно наддавање се продава дел од одземениот имот на Мијалков

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот