Мицкоски: Туск, како пријател на нашата земја, изрази подготвеност да помогне на патот кон Европската Унија

Фото: Фејсбук

Претседателот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, пред почетокот на Самитот на Европската Народна Партија, оствари средба со претседателот на ЕК, Доналд Туск, од која Мицкоски објави и фотографии на својот Фејсбук профил.

„На средбата изразив загриженост за состојбите во Република Македонија, недостигот на правда, зависниот и корумпиран правосуден систем, како и растечката сиромаштија. Побарав поддршка за Република Македонија на планот на Европските интеграции“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Пред почетокот на Самитот на Европската Народна Партија остварив средба со претседателот на Европскиот совет и иден…

Publiée par Hristijan Mickoski sur Mercredi 20 novembre 2019

„Туск, како пријател на нашата земја, изрази подготвеност да помогне на патот кон Европската Унија и градење на продлабочено партнерство и соработка со ВМРО-ДПМНЕ како членка на Европската Народа Партија“, пишува Мицкоски на Фејсбук.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот