Мицкоски побара притвор за Катица Јанева, нема да оди на лидерска кај Заев

Фото: Слободен печат/Д. Митрески

Притвор за Катица Јанева е првиот чекор што треба да се направи по обелоденувањето на случајот „Рекет“, соопшти на денешната прес конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој нагласи дека Специјалното јавно обвинителство е завршена работа.

Според него, се покажало дека СЈО е корумпипрано и компромитирано, а барањето за притвор на Јанева го поткрепи со опасноста од бегство и влијание врз сведоци.

Она што се случи вчера со апсењата и оставката на Јанева според него, е последица на власта, која што е корумпирана „до гуша“. Тој власта ја нарече криминален октопод кој владее со државата и тргува со правдата.

Мицкоски побара, како што рече, „веднаш оставки и веднаш предвремени парламентарни избори“.

– Заев повикува на лидерска средба во петок. Не ја гледам потребата од мое присуство на средба на која ќе се разговара за сѐ и тоа ќе биде алиби, а не за тоа што треба, датум за предвремени парламентарни избори – изјави Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот