Мицкоски изрази сочувство до семејството на починатиот Љубисав Иванов-Ѕинго

Христијан Мицкоски / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изрази сочувство до семејството Иванови за смртта на Љубисав Иванов-Ѕинго.

„Изразувам длабоко сочувство до семејството Иванови за загубата на г-динот Љубисав Иванов – Ѕинго.

Тој ќе остане запаметен како еден од најискусните политичари кои својот капацитет, искуство и истрајност ги насочија кон градење на слободна и независна Македонија.

Неговата политичка, но и деловна кариера потврдува дека станува збор за еден од највпечатливите личности која имаше визија и мудрост да опстои и истрае.

Беше мој пријател, соработник и коалиционен партнер со кој имав принципиелна соработка и прилика да разменам искуства и заедно да бидеме на вистинската страна на политичката сцена. Ми беше поддршка кога бев генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и сега во времето кога имам можност да ја раководам.

Граѓаните денеска изгубија добар човек, политичар и пријател.

Почивај во мир пријателе и лесна ти земја!“, напиша Мицкоски.

Почина Љубисав Иванов – Ѕинго

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот