Мицевски: Секој фудбалер гори од желба да настапи за својата земја!

фото: ffm.mk

А репрезентацијата на Македонија денеска пристигна во Никозија (Кипар) каде што в среда (18 ноември, 18.00 часот) ќе го одигра последниот натпревар во Лигата на Нации против Ерменија.

Вечерва репрезентативците одржаа полесен тренинг, а очекувањата за натпреварот со Ерменците ги искажа Дарко Мицевски, играчот од Вардар.

– Секогаш е чест да се биде дел од националната репрезентација. Ќе се обидам да ја искористам шансата. Не чувствувам притисок од тоа што ќе мора да ги менувам Елмас, Адеми, Барди во средниот ред. Секој фудбалер гори од желба да настапи за својата земја – вели Мицевски.

Во групата „2“ од Лигата Ц води Македонија со девет бодови, пред Ерменија со осум, третопласирана е Грузија која ги загуби шансите за освојување на врвот има шест, а последнопласирана ќе остане Естонија (два).

На избраниците на селекторот Игор Ангеловски можат и со реми во Никозија да го обезбедат првото место и тој начин и официјално бидат учесници во повисокиот ранг Лига Б каде што има доста посериозни противници.

Тотре: Недостасуваат играчи, но ќе дадеме максимум да се пласираме во Лигата Б!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот