Мицевски: Прашајте го Боки 13 како ќе ми ги врати парите

Бизнисменот Силјан Мицевски денеска два часа даваше исказ во Обвинителството за гонење организиран криминал во врска со случајот „Рекет“ пренесува Нова ТВ.

Мицевски беше повикан во Обвинителството од обвинителката Русковска како лице кое треба да даде „потребни известувања“ за случајот.

Мицевски кажал дека 720.000 евра префрлил на сметката на Меѓународниот сојуз, а не на сметката на пензионерката Лилјана Тодоровска, како што таа тврдеше.

-Прашајте го Бојан како ќе ми ги врати парите, кажа Мицевски, на новинарско прашање на кој начин очекува парите да му бидат вратени.

Тој негира дека имал средба со Боки 13 и рече дека парите ги префрлил преку банка директно на сметка на Сојузот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот