Мицкоски: Секој кој се огрешил ќе одговара, каква амнестија какви бакрачи

Христијан Мицкоски / Утрински брифинг
Христијан Мицкоски / Утрински брифинг

Гостин во денешен Утрински брифинг беше лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски со кого разговаравме на актуелни теми.

Со оглед на тоа што значителен број негови сопартијци се соочуваат со судски процеси или со високи казни по завршените процеси, го прашавме Христијан Мицкоски дали размислува за амнестија за случаите за 27 април, сопартијци кои се огрешиле пред закон.

-Секој кој се огрешил ќе одговара. Каква амнестија, какви бакрачи? Правото е неприкосновено. Друга работа е дали судството ни е независно. Ако сакаме функционална држава тогаш мора преку системот да се бориме против корупцијата. Не може еден просечен вработен во администрација во Прилеп да има возен парк од стотици илјади евра, вели Мицкоски за Утрински брифинг.

ВИДЕО | Мицкоски: Нема да има никаква амнестија ниту за Груевски ниту за 27 април

Мицкоски: Сѐ уште не се гледам себеси како премиер, но имам амбиции

Мицкоски: За односите со соседите имаме принципиелен став за реципроцитет

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот