Христијан Мицкоски и Кралот Чарлс Трети / Фото: Фејсбук

Мицкоски: Се сретнав со кралот Чарлс Трети

Премиерот Христијан Мицкоски објави деке во Лондон се сретнал со британскиот крал Чарлс Трети.

Од фотографиите кои Мицкоски ги објави на својот Фејсбук се гледа дека средбата била во рамките на приемот организиран за балканските лидери во Лондон.

Христијан Мицкоски и Кралот Чарлс Трети / Фото: Фејсбук

„Средбата беше искрена и содржајна. Разговаравме за пријателството помеѓу Македонија и Обединетото Кралство, за стабилноста, развојот и заштитата на природата, области на кои Кралот со години им посветува големо внимание. Оваа средба е признание и почит, но и поттик да продолжиме по патот на заедничките вредности, довербата и партнерството“ напиша Мицкоски.

Во рамките на Берлинскиот процес што го организира премиерот Кир Стармер, Мицкоски вели дека имал повеќе средби насочени кон економска и инфраструктурна стратешка соработка со Обединетото кралство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот