Фото: Христијан Мицкоски/Принтскрин

Мицкоски: Само дома си е дома — ќе дојде време кога младите што заминале од Македонија ќе се враќаат

Ќе дојде време кога младите што заминале од Македонија од разни причини ќе се враќаат дома, а борбата треба да ја водиме тука затоа што само дома си е дома, порача денеска во своето гостување во „Македонија наутро“ на МРТ премиерот Христијан Мицкоски.

Како што посочи тој, за време на периодот на транзиција, „многумина сиромашни станале екстремно богати“ и тоа е причината поради која голем број од граѓаните биле разочарани и одлучиле да ја напуштат својата татковина.

– Кога се случи независноста, дојде транзицијата, кога брутално општествениот капитал се трансформира во приватен и кога од многумина еднакви, станаа малкумина екстремно богати. Тоа остана во таа колективната меморија, голем број од нашите родители преку ноќ ја губеа својата работа, доаѓаа дома со изневерени очекувања, полни со разочарувања, со поглед кон иднината, затоа што тоа време беше неизвесно, и не ја исклучувам можноста дека повеќето од нив ги советувале своите деца, така разочарани, својата среќа да си ја бараат некаде надвор – рече премиерот Мицкоски.

Според него, потребно е повторно да се создаде чувството на припадност кон татковината и кон идентитетот. Тој рече дека Владата работи на целосна стратегија за младите и тоа, како што рече, е еден од врвните приоритети.

– И не само за тоа, туку и за формирањето семејство, за поддршката за родителите. Се планираат ситимулации за зголемување на наталитетот, задржување и враќање на младите во земјата. Станува збор за мерки за ослободување на мајките од данок – за првото дете во период од една година, за второто од две години и за третото сè додека не стане полнолетно. Треба да се работи и на промена на менталитетот на младите. Мора да работиме на менталниот склоп на младите дека семејството не е како што тоа го изучуваа во последните години – јас, тато и мама, туку јас, дада, бато, тато и мама – посочи Мицкоски.

Важна улога за задржување на младите и за создавањето квалитетен кадар, според него, има образованието. Премиерот забележа дека македонските универзитети се многу ниско рангирани на Шангајската листа и затоа е неопходно состојбата да се смени и подобри.

Мицкоски во Будимпешта го испофали „храбриот лидер“ Орбан, вели дека и со Унгарија градиме „стратешко партнерство“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот