Мицкоски прогнозира: Во вториот круг влегуваат Давкова и Пендаровски

Според нашите анкети во вториот круг на председателските избори ќе влезе професорката Силјановска Давкова и сегашниот председател Пендаровски, изјави вечерва во интервју за ТВ Сител, лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски оцени дека Македонија многу ќе добие споредено со другите кандидати посебно со Пендаровски.

„Тука би го издвоил актуелниот Претседател Стево Пендаровски и ценам дека тука треба да се бара името за вториот круг. Иако мислам дека според сите оние анкети кои ги имаме и анализи предноста на Силјановска ќе биде повеќе од 100 илјади гласови во однос на Пендаровски најмалку 100 илјади гласа разлика во првиот круг и ценам дека тоа ќе даде озбилна порака кон гласачите како да се мобилизираат за вториот изборен круг претседателски избори, како и за парламентарните на 8 мај“, рече Мицкоски.

Во однос на анкетите за прогноза на резултатите од претстојните избори, според последната анкета, Мицкоски истакна дека доколку утре би се одржале парламентарни избори за ВМРО-ДПМНЕ би гласале околу 22-23 проценти, додека за СДСМ само 9 до 10 проценти.

„Февруарските анкети теренски се дека бројката која што би ја освоила ВМРО-ДПМНЕ доколку утре има избори е помеѓу 22-23 проценти. СДСМ се движи околу 9-10 проценти од прилика од освоените гласови, условно кажано ДУИ и обединетата албанска опозиција би се движеле помеѓу 6-6.5 проценти од освоените гласови. Партиите ЗНАМ и Левица би се движеле околу 4-5 проценти, нагласи Мицкоски.

На прашањето колку пратеници би освоила ВМРО-ДПМНЕ според анкетите, Мицкоски рече:

„Врз основа на овие бројки на државно ниво пондерирани во број на пратеници ценам дека во моментот би се движела ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата помеѓу 53 и 56 пратеника“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот