Христијан Мицкоски Фото: Фејсбик Мицкоски

Мицкоски немал проблем да оди на гости кај синдикатите – но, има услов

Не е проблем јас да појдам во ССМ, понудата е на маса. Нека се одважи гранковиот синдикат УПОЗ да потпише и тогаш и 7.700 државни административци ќе добијат за две години и два месеца зголемување од 40 проценти на плата, одговори денеска премиерот Христијан Мицкоски откако вчера на прес-конференција лидерот на Сојузот на синдикати го повика во понеделник да дојде во ССМ и да го потпишат зголемувањето на платите за 40 проценти и на минималната плата на 600 евра од февруари.

„Понудата е ставена на маса и доколку се прифати од нивна страна, не е проблем. Понудата е каде било да се одржи тој состанок – било во Владата, било во ССМ или во некоја друга просторија. Нека се одважи гранковиот синдикат УПОЗ, има таму уште еден репрезентативен синдикат, ние сме подготвени. Понудата е ставена на маса и доколку се прифати од нивна страна, нема никаков проблем. Тогаш и овие 7.700 – 7.800 работници државни административци ќе добијат за две години и два месеца миниум 40 проценти поголема плата“, изјави Мицкоски.

За Предлог-законот за зголемување на минималната плата поднесен од СДСМ, премиерот рече дека не го видел, но дека ставот на Владата е јасен – да се договорат работниците и работодавачите околу зголемувањето на минималната плата.

„Ние, како најголем работодавач, нашите односи со работниците се регулирани. Останува уште еден мал дел отприлика околу 7.700-7.800 вработени во државната администрација односно административни службеници. Понудата е на маса – доколку синдикатите, двата репрезентативни синдикати или претставници на синдикатите се сложат, ние сме подготвени уште утре тоа да го прифатиме.  Останува на синдикалните лидери да се отргнат од политичките влијанија и во интерес на работниците, да го потпишат. Владата во трипартитниот дијалог е само фасцилитатор, а СДСМ е само политичка партија“, изјави Мицкоски.

Синдикалците на протест за повисоки плати, бараат минималец од 600 евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот