Мицкоски: Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ/EСМ за само 35 часа се оштетени за околу 6.000.000 денари

Христијан Мицкоски. претседател на ВМРО-ДПМНЕ/Фото: МИА

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во статус на Фејсбук открива „Како се пљачка Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ денешно ЕСМ“.

-ЕСМ/ЕЛЕМ распишува оглас за продажба на ноќни вишоци на струја за периодот од 6ти до 12ти Август од 2 до 7 часот во вкупна количина од 1750 MWh.

Цената по која овие ноќни вишоци се продадени е 254,7/MWh!

За истиот тој период цената на струјата на HUPX (референтна берза при утврдување на цената на струјата во Македонија) е 310,37 €/MWh или по денови:

6/Август 281 €/MWh

7/Август 207 €/MWh

8/Август 312 €/MWh

9/Август 317 €/MWh

10/Август 304 €/MWh

11/Август 337 €/MWh

12/Август 414 €/MWh

Разликата во цена е:

1750 MWh x (310,37-254,7)€ = 97.422,5€

Заклучок: Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ/ЕСМ за само 35 часа се оштетени за околу 6.000.000 денари и наместо вишоците да бидат понудени на стопанството кое плаќа според HUPX струја и грчевито се бори да опстане и да ги задржи работниците, парите се крадат и завршуваат во приватни џебови, тврди Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот