Мичел Фото: EPA/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH SHUTTERSTOCK OUT

Мичел со 48 поени го водеше Кливленд до победа, Ембид повторно доминираше на паркетот

Кошаркарите на Кливленд Кавалирс со многу мака стигнаа до победа на гостувањето кај Вашингтон Визардс со 130:123 во НБА лигата. Апсолутен херој на триумфот беше Донован Мичел, кој постигна неверојатни 48 поени и практично сам го водеше тимот низ клучните моменти. Кај Вашингтон, Керингтон и Меколум се истакнаа со по 27 поени.

На големата сцена се врати и Џоел Ембид, кој ја предводеше Филаделфија 76 до домашна победа над Индијана Пејсерс од 115:105. Центарот постигна 39 поени за неполни 32 минути, додавајќи и девет скока. Поддршка доби од Пол Џорџ со 23 и Еџекомб со 22 поени, додека кај Индијана најефикасен беше Паскал Сиакам со 20 поени.

Во останатите натпревари од синоќешната НБА програма беа постигнати следните резултати: Шарлот – Чикаго 129:126, Детроит – Атланта 142:115, Филаделфија – Индијана 115:105, Вашингтон – Кливленд 126:130, Мемфис – Јута 126:130 и Далас – Бруклин 119:111.

Преземено од: Sport.com.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот