Фото: Pool/ABACA / Shutterstock Editorial / Profimedia

Мета под лупа, Закерберг на суд – дали Инстаграм им штети на децата?

Извршниот директор на компанијата Мета, Марк Закерберг, денеска за првпат ќе биде испрашан пред американски суд за влијанието на социјалната мрежа Инстаграм врз менталното здравје на младите корисници, пренесе Ројтерс.

Ова сослушување е дел од важно судење за зависноста на младите од социјалните медиуми.

Милијардерот и основач на Фејсбук претходно сведочеше на оваа тема пред Конгресот. Мета можеби ќе мора да плати отштета доколку го изгуби случајот, а пресудата би можела да ја загрози долгогодишната правна одбрана на големите технолошки компании од тврдењата за штета нанесена на корисниците.

Оваа и други слични тужби се дел од реакцијата ширум светот кон платформите на социјалните медиуми поради менталното здравје на децата.

Австралија и Шпанија забранија пристап до платформите на социјалните медиуми за корисници помлади од 16 години, а и други земји разгледуваат слични ограничувања.

Американската сојузна држава Флорида им забрани на компаниите да дозволуваат пристап за корисници помлади од 14 години, што технолошките групи се обидуваат да го оспорат на суд.

Закерберг ги дуплира инвестициите во вештачка интелигенција, додека други се плашат од „балон“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот