Меси: Ужасни се терените во Бразил

Меси ќе се обиде со своите репрезентативни колеги ја освои титулата годинава во јужноамериканското првенство.

Претходно и самиот селектор на Аргентина, Лионел Скалони го изрази незадоволството од тоа како изгледаат терените.

Во четвртфиналната борба Аргентина ја елиминираше Венецуела 2:0 и за пласман во големото финале ќе игра против домаќинот Бразил.

„Знам дека ова не е мојот најдобар турнир. Не сакам да звучи како оправдување, но ме чини големи напори да играм на вакви терени. Тие се во срамна состојба за вакво натпреварување. Нерамни, топката подрипнува и бега, има дупки…Се уште треба да се прилагодуваме, бидејќи сме професионалци, но е крајно тешко да се игра – вели Меси.

Ѕвездата на Барселона и покрај тоа, додава дека таква е ситуацијата и играчите мора да се помират.

Играта на „гаучосите“ оди во нагорна линија, присутна е колективноста која е многу важна и води кон победи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот