Меси, Озил, Погба: Страшен „дрим-тим“ од слободни агенти во 2021 година (ФОТО)

Многу познати фудбалери се во последната година од нивните договори со клубовите, помеѓу нив и Лионел Меси од редовите на Барселона.

Воедно за поголем дел од нив се шпекулира продолжување на соработката, но и натаму нема никакви најави за потпишување на нов договор.

Веќе во јануари овие имиња би можеле да играат за други клубови, а листата на фудбалери кои се слободни наредното лето 2021 е навистина страшна.

Фото: thesun.co.uk

Дефинитивно тешко може некоја екипа да запре ваков „дрим-тим“ од слободни агенти, а еве го изборот на британскиот „Сан“:

– Донарума, Алаба, Боатенг, Рамос, Гарсија, Погба, Вијналдум, Озил, Депај, Агуеро, Меси.

Фото: thesun.co.uk

Но, тоа не е сè, тука се одвојува уште една листа на одлични играчи, како алтернативни слободни агенти во 2021 година:

– Батленд, Боли, Еванс, Мустафи, Роуз, Модриќ, Дракслер, Антонио, Милик, Ди Марија, Коста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот