Фото: Inter Miami/FB

Меси ја одбил најголемата понуда во историјата на фудбалот, а сега добива бланко чек: Нека напише што сака, парите не се проблем

Првиот човек на саудискиот фудбалски великан Ал-Итихад, Анмар Ал Хаили, повторно ја разгоре фудбалската јавност со изјава поврзана со можен трансфер на Лионел Меси, нагласувајќи дека клубот е подготвен на потег без преседан, бланко чек, без никакви финансиски или временски ограничувања.

Во изјава што експресно се прошири низ светските медиуми, Ал Хаили јасно порача дека парите не би биле пречка доколку аргентинската суперѕвезда покаже интерес да го облече дресот на Ал-Итихад.

„Ако Меси сака да потпише за Ал-Итихад, ќе му дадам бланко чек. Нека напише каква сума сака и договор на кој било период, дури и доживотно“, изјави претседателот на клубот.

Тој додаде дека евентуалниот трансфер на Меси би имал огромна тежина, не само за Ал-Итихад, туку и за целокупниот саудиски фудбал.

„Ако Меси го носи дресот на Ал-Итихад во Саудиска Арабија, парите не би ми значеле ништо. Лигата би ја славеле уште пред да почне, затоа што би го имале најдобриот фудбалер во историјата“, дополни Ал Хаили.

Претседателот откри дека ова не е прв обид на клубот да го ангажира Аргентинецот. По неговото заминување од ПСЖ, Ал-Итихад веќе направил сериозен обид.

„Да, го контактирав кога му истече договорот со францускиот тим и му понудив договор вреден 1,4 милијарди евра. Тој одби без да ја сослуша понудата, бидејќи семејството ја преферираше Америка. Тоа го почитувам и вратите на Ал-Итихад секогаш ќе му бидат отворени“, нагласи Ал Хаили.

Според неговите зборови, овојпат пристапот ќе биде поинаков и без конкретни бројки.

„Овојпат нема да нафрламе цифри. Ќе му дадам празен чек и нека запише што сака. Така е најчисто“, порача претседателот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот