Меси го кани Нејмар да играат во ист клуб

epa04715105 Barcelona's Neymar Jr. (L) celebrates after scoring the 2-0 goal with teammate Lionel Messi (R) during the UEFA Champions League quarter final second leg soccer match between FC Barcelona and Paris Saint-Germain at Camp Nuo stadium in Barcelona, Spain, 21 April 2015. EPA/ALEJANDRO GARCIA

Во низата шпекулации за тоа каде Лионел Меси ќе ја продолжи кариерата, се појави уште една неверојатна вест.

Лионел Меси откако и официјално преку факс побара од управата на Барселона раскин на договорот започнаа шпекулациите за тоа каде Аргентинецот ќе ја продолжи кариерата.

Главен фаворит за неговиот потпис е Манчестер сити, англискиот тим е еден од ретките кои може да ги задоволи финансиските барања на Аргентинецот, а згора на тоа тренер е Пеп Гвардиола, човекот кој го тренираше Меси во Барселона и заедно освоија две титули во Лигата на шампионите.

Но, телевизијата ЕСПН сега оди чекор подалеку, тие сметаат дека потписот со Аргентинецот е завршена работа и објави сензационална вест „Меси го повика Нејмар заедно да преминат во Манчестер сити“.
Оваа вест ја објави Жорге Никола дописникот на ЕСПН од Бразил, кој наведува дека Меси има понуда да потпише тригодишен договор со Манчестер сити, а потоа кариерата да ја продолжи во братскиот клуб Њујорк сити.

Никола од свои извори блиски до Нејмар, тврди дека Меси и бразилскиот репрезентативец имале телефонски разговор изминатите денови на кој Аргентинецот му предложил на Нејмар да се пресели во Премиер лигата и заедно да играат за „граѓаните“.

Меси и Нејмар четири години заедно играа во Барселона и освоија една титула во Лигата на шампионите, две титули во Ла Лига, три Шпански купа, како и еден Шпански Суперкуп.

Нејмар во договорот со ПСЖ има клаузула според која може да си замине доколку некој тим плати 170 милиони евра, а тој износ не би требало да претставува проблем за сопственикот на Манчестер сити, шеикот од Обединетите Арапски Емирати, Мансур бин Зајед Ал Нахјан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот