Месечен хороскоп за октомври: Биковите ќе бидат страсни, а Лавовите ќе ги критикуваат соработниците

img alt
Што ни предвидуваат ѕвездите овој месец? Илустрација: СП. / Фото: NASA, RawPixel

Ви го претставуваме месечниот хороскоп за месец октомври.

Овен

Месецов ќе наидувате на неразбирање од околината и ќе имате впечаток дека некој од соработниците не го цени доволно вашиот труд. Понекогаш треба да ги прифатите тешките околности и да ја елиминирате можноста за соработка со деловни контакти кои не ги задоволуваат вашите критериуми. Важно е правилно да ја насочите вашата креативна енергија и да се дистанцирате од личноста која дополнително ве оптоварува. Кога станува збор за љубовта, обидете се правилно да го согледате однесувањето на партнерот, во спротивно нема да бидете задоволни од вашата комуникација. Нема потреба од импулсивни реакции, почекајте да се смират страстите.

Бик

Ќе ви биде важно околината правилно да ви ги вреднува знаењето и деловните способности. Но, ќе постојат различни фактори кои ќе влијаат на вашите успеси на работното место. Потрудете се да ги исполните вашите обврски, без психолошки притисок и натпреварувачки тенденции. Ве очекуваат најубавите моменти во љубовниот живот. Пренесете ја својата страст и инспирација на саканата личност, бидете доволно креативни.

Близнаци

Ќе имате желба да смислите добра деловна стратегија, па затоа бидете многу внимателна во проценката на вистинските вредности. Некој внимателно ги анализира вашето однесување и изјавите што ги давате на работното место. Ве очекува позитивен пресврт во љубовниот живот. Сепак, задржете го вашето интимно расположение и споделете го само со најблиските. Потребна ви е емотивна дискреција, особено кога сте во непознато друштво.

Рак

Со добра проценка на можностите и со правилен избор на соработниците, вие ќе ги постигнете своите деловни цели. Не дозволувајте некој да ве доведе во заблуда со погрешни информации, што може да ве наведе на лош деловен потег. Ракови, вие сте посебно емотивни, па затоа нема да ви биде проблем да придобиете симпатии од околината. Но, овој месец ќе бидете похрабри и ќе излезете од сигурната зона – дел од Раковите ќе бидат привлечени од шармантна личност и ќе се впуштат во необична авантура.

Лав

Лавови, вие ќе бидете многу мотивирани да учите нови работи кои ќе ви помогнат да станете подобри на работното место. Но, вашето себељубие и критиките за работењето на вашите соработници ќе создаде негативна енергија во работната атмосфера. Секогаш постои начин да се направи добар компромис. Некој ќе ве инспирира да преземете поактивна улога во емотивната врска. Имате можност да го промените љубовниот живот и да доживеете незаборавни моменти во пријатно друштво.

Девица

Нема причина да обрнувате внимание на секундарни ситуации кои ви ја одземаат драгоцената енергија. Вашата креативност ќе го доживее својот потенцијал во оние ситуации кога другите ќе ја изгубат волјата за работа. Бидете вредни и трпеливи. Вие ќе се наоѓате во фаза на емотивна илузија. Имате впечаток дека некој ви го скратува емоционалното задоволство или можноста да ги реализирате вашите романтични намери. Ако сте млади и слободни, ве очекува нова романса.

Вага

Ќе чувствувате наплив на креативна енергија и нема да се задоволувате со просечни резултати. Ќе добиете поддршка во вашето опкружување и ќе ве радува тоа што вашите соработници имаат доволно доверба во вашите професионални способности. Направете сѐ што е потребно за да го подобрите вашиот интимен живот и односот со саканата личност. Потрудете се да изгледате заносно и привлечно во различни прилики.

Скорпија

Ќе дејствувате одлучно и ќе ги браните своите ставови, но некои нови настани дополнително ќе ја комплицираат вашата деловна положба. Ќе треба да ги исполните основните критериуми поставени од вашите соработници, наместо да предизвикувате нова дискусија за различните деловни интереси. Обидете се да ја потиснете вашата професионална суета. Ќе чувствувате голем емотивен занес и инспирација, но ќе ви недостига добра можност да ги изразите своите намери. Партнерот или личноста што ви се допаѓа вешто ќе ги „одбегнува“ вашите покани за дружба. Понекогаш ќр добивате впечаток дека не го добивате „вистинскиот љубовен третман“.

Стрелец

Ќе делувате снаодливо и ќе знаете како да освоите нечија доверба. Тимската работа е одлична можност да го проширите вашето знаење во одредени области и да напредувате во различни области. На љубовно поле, ќе имате чувство дека неправедно страдате поради нечие лошо расположение или недоразбирање. Вие сте личност која не сака да се препушта на очај пред другите, дури и во ситуации кога има посериозни проблеми.

Јарец

Јарци, вие ќе бидете подготвени да се соочите со низа нови случувања во деловното работење, но ќе бидете и разочарани од соработниците кои ќе ја изневерат вашата доверба. Ќе бидете прилично креативни и ќе имате големи деловни амбиции. Вашата сакана личност нетрпеливо очекува да ги исполните нејзините очекувања, но вие ќе успеете да постигнете сѐ. Ве очекува одличен период на љубовно поле. Ако сте сами, прифаќајте ги сите покани за дружења – вие ќе блескате во сечие друштво.

Водолија

Благодарение на добрата стратегија и временската организација, ќе можете да си дозволите да учите нови вештини. Во споредба со вашите соработници, вие ќе бидете одлични во својата работа и ќе добиете многу пофалби од сите. Верувајте, тоа ќе биде сосема заслужено. На љубовно поле, вие ќе чувствувате емотивен занес и задоволство од заедничките моменти со вашата сакана личност. Ќе бидете пријатно изненадени од личноста со која што се гледате, но и од нивната настојчивост да не се откажат од вашиот однос.

Риби

Нема да бидете сигурни дали некоја личност ја заслужува вашата доверба, па затоа ќе се однесувате многу претпазливо. Вам ви е јасно дека деловните околности брзо се менуваат, па затоа очекувајте многу подобри работни можности. Ќе имате впечаток дека вашиот партнер ве контролира и ќе посакате да имате поголема емоционална слобода. На крајот од денот, ќе мора да го прифатите фактот дека нема да можете да влијаете на однесувањето на партнерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот