Мерилин Монро била мртва со години, но тој не престанал да ја сака: Најромантичниот гест во светот на славните кој ќе ве разнежни!

профимедиа

Норма Џин, многу попозната под името Мерилин Монро, се венчала трипати. Еден од нејзините сопрузи бил Џо Димаџио, легендарниот бејзбол играч на Њујорк Јенкис.

На почетокот Мерилин не сакала да го запознае Димаџио, мислејќи дека тој е типичен арогантен спортист, надмен и егоцентрик, но Џо успеал да ја разубеди. Парот се венчал на 14 јануари 1954 година, две години откако се запознале. Тоа бил втор брак за познатата актерка која од 1942 до 1946 година била во брак со Џејмсон Доерти, американски полицаец.

профимедиа

Парот отпатувал во Јапонија за медениот месец, но ја посетиле и Кореја. За време на патувањето Мерилин имала неколку закажани средби и настапи пред 100.000 војници кои служеле таму, што посебно го нервирало нејзиниот сопруг – сакал медениот месец да биде поинтимен и само нивни.

Profimedia

Иако на фотографиите Мерилин и Џо изгледале среќни и заљубени, тоа за жал било само маска и нивниот однос не бил толку прекрасен колку што мислеле сите.

За време на снимањето на сега веќе култната сцена со здолништето во филмот „The Seven Year Itch“, избил мал судир помеѓу нив.


Всушност, додека Били Вајлдер инсистирал сцената да се повтори неколкупати, што собраната публика со воодушевување го поздравила, Џо полудувал гледајќи од страна. Неколку сведоци подоцна откриле дека Монро и Џо се расправале во лобито на хотелот.

Profimedia

Само еден месец подоцна, во октомври, после 274 дена заеднички живот, Мерилин ги предала документите за развод поради психичко малтретирање.

Фотографија: Profimedia

После разводот, Димаџио престанал да пие, заминал на терапија и одлучил да ја прекине спортската кариера. Тогаш го следела репутацијата не женкар, кој тој неколкупати ја негирал. Во меѓувреме, Мерилин се омажила и се развела од писателот Артур Милер.

Profimedia

Во февруари 1961 година, нејзиниот психијатар ја пратил во психијатриската клиника „Payne Whitney Psychiatric Clinic“ каде што според Доналд Спот, била сместена во одделението за најтешки случаи.

Profimedia

Бидејќи не можела сама да се одјави, таа го повикала Димаџио кој го направил тоа наместо неа. Подоцна му се придружила во Флорида.

Нивната приказна за тоа дека се само добри пријатели не ги запрела гласините за тоа дека повторно се венчале.

профимедиа

Според Мори Ален, на 1 август 1962 година, Џо верувајќи дека неговата поранешна сопруга се сплеткала со луѓе кои може да ѝ наштетат како што бил Френк Синатра, тој дал отказ од местото на тренер за повторно да ја запроси. За жал, не стигнал да ја спаси. Мерилин била пронајдена мртва во својот стан само четири дена подоцна.

Димаџио го преземал нејзиното тело и го организирал погребот.

профимедиа

Дека ја сакал и се чувствувал виновен за нејзината смрт, сведочи прекрасниот гест кој е релативно непознат. Всушност, 20 години во нејзината гробница пристигнувал букет со црвени розе по трипати неделно.

За разлика од останатите двајца мажи со кои актерката била во брак, Џо никогаш не зборувал за неа во јавноста, не пишувал за нивниот однос и не се оженил повторно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот