Мерлин ќе ги забавува скопјани за Нова Година: Шилегов ја откри и цената (ВИДЕО)

Instagram

На 75 дена до почетокот на новата година, Град Скопје одлучи да не ја крие ѕвездата на вечерта, за дочекот на 2020 година. Станува збор за една од најголемите регионални ѕвезди, Дино Мерлин.

Мерлин не го криеше задоволството што повторно после неколку години ќе има можност да ја забавува македонската публика која се надева ќе биде во голем број.

„Очекувам извонреден концерт, полн плоштад. Кога пеев во Сараево, на минус 20 степени, имаше 100.000 посетители. Во Скопје очекувам барем 50.000 гости на забавата“, рече Мерлин повикувајќи ги сите од сега да си планираат забава со него на 31 декември.

Гостувањето на Мерлин во Скопје Градот ќе го чини нула денари, рече Шилегов, не сакајќи да прецизира дали се работи за спонзорства, или пак можеби Мерлин ќе пее про боно.

„Важно е дека Мерлин ќе не забавува за дочекот на Нова година, и дека тоа ќе биде за нула денари, друго не е важно, рече Шилегов.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот