Меркел: Се наоѓаме во многу сериозна фаза на пандемијата

Германската канцеларка Ангела Меркел упати денеска апел до граѓаните дека е неопходно да се направи се, за да се спречи неконтролираното ширење на коронавирусот.

– Се наоѓаме во многу сериозна фаза на пандемијата на Ковид-19. Секој ден се зголемува бројот на новозаразени. Пандемијата се шири повторно брзо и тоа побрзо отколку на почетокот, пред половина година. Доаѓаат тешки месеци. Како ќе изгледа зимата, каков ќе биде нашиот Божик, за тоа ќе се одлучува во следните денови и недели. За тоа одлучуваме сите со нашите делувања, нагласи Меркел.

Таа смета дека е важен секој ден во борбата за спречување на неконтролираното ширење на вирусот.

– Затоа е потребно контактите на секој заразен да се познати, со цел да се прекине синџирот на инфекцијата. Здравствените власти даваат голем придонес во тоа, но таму кадешто бројот на заразени е голем, не можат се да постигнат, предупреди германската канцеларка.

Меркел истакна дека секој може да придонесе за намалување на бројот на заразени, пред се преку држење дистанца, носење заштитни маски и почитување на упатствата за хигиена. Таа побара од граѓаните да се откажат од секое патување кое не е неопходно, од прослави, како и, доколку е можно, да останат дома.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот