Ментален детокс: Kако животот да го направите полесен  

Ако сте преоптоварени со обврски и проблеми, ви нудиме неколку предлози како животот да си го направите полесен.

Несогласувањата со пријателите, родителите, партнерот, колегите. Проблемите поради пари, одговорност, натрупани обврски, кратки рокови, неплатени сметки…Сето тоа нас не држи константно во грч и ни се чини дека денот е се пократок и излез во проблемите не се наѕира. Се надеваме дека новата година ќе ги однесе старите проблеми, но потоа одново тргнува “кружното тркало”.

Не е се така црно. Сите имаме убави и помалку убави моменти, важно е да се извлечат добри заклучоци од  лошите случувања и да се сфатат како добро искуство. Најважно е да се задржи позитивниот дух и да имате ведри и оптимистички мисли. Ако незнаеме би требало да научиме како да се опуштиме во моментите кога за тоа имаме време. Начинот на согледување на нашите проблеми може многу негативно да влијае на нашиот духовен мир. Затоа е важно кои техники треба да ги користиме за задржување на фокусот на добрите моменти во животот, како и бројни начини на опуштање.

Пронајдете време за разговор со пријателите

Разговорот за проблемите кои вас ве мачат може да помогне полесно да се носите со нив. Покрај тоа, дружењето со пријателите го поттикнува произведувањето на хормонот на среќата, што вас дополнително ќе ве опушти и ќе ве ослободи од нервозата и стресот.

Научете да кажете НЕ

Не можете баш на сите да им бидете на располагање. Ако не сте во можност да помогнете и да му излезете на некого во пресрет, вие се правдате и чувствувате вина, тоа не е добро. Ако сте се препознале во ова, време е да го проминете ставот и себеси и своите потреби да ги ставите на прво место. Научете да кажете „не” на убав начин без грижа на совеста. Само образложете поради што не можете да му бидете на некого на „услуга” и ќе почувствувате мир.

Стоп на мултитаскингот

Мислите дека сте способни да работите неколку работи во исто време и се гордеете со таа вештина. Подобро немојте. Многубројните истражувања докажале дека нам ни е потребно повеќе време за да завршиме неколку работи кои ги правиме во исто време отколку кога ќе се одлучиме за една по една.

Не се исцрпувајте со пораките

Постојано ви стигнуваат СМС и други пораки, како во текот на работното време, така и потоа. Прекинувате со се што работите за да можете да одговорите веднаш за да не заборавите на тоа? Прекинете со тоа, ви се заморува мозокот и ви го одвлекува вниманието, сконцентрирајте се само на пораките на кои морате веднаш да одговорите. Истренирајте се да ги прегледате додека, пример, се возите во такси или автобус кон дома.

Не губете енергија на озборување

Иако ви делува како лесна и попатна или небитна забава, озборувањето е беспотребно и само ви одзема драгоцена енергија. Доколку вас некој ве вовлелува во разговор за некој друг, не сте должни да прокоментирате. Ќе биде доволно љубезно да се насмевнете и започнете некоја друга тема.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот